Лилјаците се среќаваат речиси насекаде на Земјата до поларните граници на дрвенестата вегетација. Тие се ретки на Арктикот, Антарктикот и на некои океански осторви. Најбројни и најразнообразни се во тропските и суптропските области. Нивната татковина се наоѓа во тропските предели од источната полутопка, каде сè уште постојат најпримитивните претставници од фамилијата летечки кучиња, односно Pteropidae.
Saturday, December 12, 2015
Лилјаци
Monday, December 7, 2015
Змија-Влекач
Тие зависат од Сонцето за да ја регулираат телесната температура. Бидејќи метаболизмот не игра улога при терморегулацијата, овие животни можат да преживеат со многу сиромашна исхрана. Некои чекаат со месеци помеѓу последователните оброци, а неколку видови можат да преживеат јадејќи само еднаш или двапати во годината. Кога јадат, змиите целосно го голтаат пленот и не го разгризуваат. Многу змии поседуваат специјализирани вилици со кои можат да проголтаат животни кои се многу поголеми од нивните глави на тој начин што долната вилица има способност да се раздели и да го зголеми усниот отвор и повторно да се склопи. Набљудувањата извршени на африканскиот карпест питон укажуваат на тоа дека овој вид на змија може да изеде животни големи колку антилопа или помала крава.
Со преку 2500 опишани видови што припаѓаат на повеќе од 10 фамилии, змиите се голема и успешна група. Успехот во опстанокот се должи на нивната прилагодливост, што се огледува во тоа што змиите живеат во живеалишта како подземни дупки, врвовите на крошните од дрвата, како и во океанските длабочини до 150 м. Најдени се на секој континент, освен на Антарктикот. Места без змии во светот се и изолираните острови, како Ирска и Нов Зеланд.
Sunday, December 6, 2015
Дрво Ела
Сите автохтони видови достигнуваат височина од 10–80 м и пречник на стеблото од 0,5–4 м. Елите се разликуваат од другите членови на фамилијата на борови по тоа што иглестите листови се држат на стебленцето со основата налик на вакуумска лепенка. Друга заедничка одлика се исправените цилиндрични шишарки долги 5–25 см што се распаѓаат и испуштаат крилести семиња кога ќе узреат. Видовите се распознаваат по големината и распоредот на листовите, големината и обликот на шишарките, и по тоа дали малите лушпички се долги и издадени или кратки и скриени во шишарката.
Friday, December 4, 2015
Остров Голем град на Преспанско Езеро
Опкружувањето со големата количина на вода, геолошката подлога и близината на Медитеранот овозможиле на островот да владее посебна микроклима која е причина за појава на богата и ретко распространета вегетација, во која доминираат јужноевропските флорни елементи (41 или 25,6 % - субмедитерански видови; 29 или 18,2 % - евроазиски; 20 или 12,6 % - медитерански; 18 или 11,2 % - понтски; 17 или 10,6 % - европски; 10 или 6,2 % - мезиски; 8 или 5,0 % - циркумполарни; 5 или 3,1 % - културни; 4 или 2,5 % - атланско-субмедитерански; 3 или 1,9 % - космополити; 3 или 1,9 % - илирски; 2 или 1,2 % - скардо-пиндски).т повеќе езерски и речни острови.
Thursday, December 3, 2015
Белоглав мршојадец
Wednesday, December 2, 2015
Корморани
Големите корморани се најчесто тивки, но прават различни гутурални звуци во своите колонии за парење.верна Америка. Во Македонија е познат под народното име гаро.
Ендемски вид птица-Пеликан
Tuesday, December 1, 2015
Големо Езеро-Пелистерски Очи
Диви животни
Од диви животни има главно претставници на медитеранската и средноевропската фауна. На средноевропската, преставници се: мечка, волк, црвена лисица, рис, дива свиња, зајак, видра, верверица, куна, јазовец и др. Од птиците: орел, јастреб, чавки, еребици, гулаб, гугутка и др. Од влекачите: желката, разни видови гуштери и змии, а од водни животни пастрамки, крап, сом, црвеноперка и др. Во мочуриштата има разни видови барски птици, како на примердива гуска, чапја, пеликан и др.
Monday, November 30, 2015
Питоми животни
Sunday, November 29, 2015
Национален парк Маврово
Saturday, November 28, 2015
Национален парк Пелистер
Охридска јагула
Охридската јагула, која ги населува водите од езерата и реките кои му припаѓаат на јадранскиот слив, припаѓа кон фамилијата европски јагули, една од 16 видови слатководни од поширокото смејство на 400 виидиви, главно морски змиести риби обединети под ова име.
Според некои процени јагулите настанале уште во периодот од пред 140-65 милиони години што на некој начин еволуциски ги прави современици на диносаурусите. Оваа јагула ги населува сите природни воодотеци што се поврзани со морето, а кои не се преградени со природни или вештачки пречки. Долгото плоскаво тело може да достигне должина од 200 см. и тежина од 6 кг. Ова се максималните вредности, кои важат само за женските примероци, додека машките се значително помали и достигнуваат максимум 50 см. должина и тежина од 200 г.
Телото е покриено со мали, речиси невидливи лушпи под кои се наоѓа развиен систем од капилари за апсорбирање кислород од воздухот и од водата, која го потпомаг дишењето преку жабрите. Во вода 15% од кислородот се внесува преку овој систем, а надвор од неа дури 50% од кислородот се апсорбира преку кожата. Ова им помага да поминат некои помали растојанија по копно, за време на нивните долги и мистериозни патувања. Обликот на телото ја вбројува јагулата како еден од послабите пливачи меѓу рибите, иако тие во вода можат да постигнат завидни 35 км на час. Најмногу се осетливи на температура, потреси, а имаат и извонредно развиен осет за мирис и широки носни празнини, додека видот им е послабо развиен. Според некои истражувачи овие предаторски риби, освен што се хранат во вода, при посебни околности можат да излезат и надвор од неа и таму да го побараат својот оброк во некој полжав, црв или растение.Речна пастрмка
Subscribe to:
Comments (Atom)