Monday, November 30, 2015
Питоми животни
Sunday, November 29, 2015
Национален парк Маврово
Saturday, November 28, 2015
Национален парк Пелистер
Охридска јагула
Охридската јагула, која ги населува водите од езерата и реките кои му припаѓаат на јадранскиот слив, припаѓа кон фамилијата европски јагули, една од 16 видови слатководни од поширокото смејство на 400 виидиви, главно морски змиести риби обединети под ова име.
Според некои процени јагулите настанале уште во периодот од пред 140-65 милиони години што на некој начин еволуциски ги прави современици на диносаурусите. Оваа јагула ги населува сите природни воодотеци што се поврзани со морето, а кои не се преградени со природни или вештачки пречки. Долгото плоскаво тело може да достигне должина од 200 см. и тежина од 6 кг. Ова се максималните вредности, кои важат само за женските примероци, додека машките се значително помали и достигнуваат максимум 50 см. должина и тежина од 200 г.
Телото е покриено со мали, речиси невидливи лушпи под кои се наоѓа развиен систем од капилари за апсорбирање кислород од воздухот и од водата, која го потпомаг дишењето преку жабрите. Во вода 15% од кислородот се внесува преку овој систем, а надвор од неа дури 50% од кислородот се апсорбира преку кожата. Ова им помага да поминат некои помали растојанија по копно, за време на нивните долги и мистериозни патувања. Обликот на телото ја вбројува јагулата како еден од послабите пливачи меѓу рибите, иако тие во вода можат да постигнат завидни 35 км на час. Најмногу се осетливи на температура, потреси, а имаат и извонредно развиен осет за мирис и широки носни празнини, додека видот им е послабо развиен. Според некои истражувачи овие предаторски риби, освен што се хранат во вода, при посебни околности можат да излезат и надвор од неа и таму да го побараат својот оброк во некој полжав, црв или растение.Речна пастрмка
Friday, November 27, 2015
Животното рис
Рис род составен од четири видови на средноголеми диви мачки од родот рис. Името на рисот доаѓа од грчкиот збор со потекло од индо-европскиот корен што значи „светлина, сјај“, поради сјајот на неговите очи. Денес доаѓа до голема забуна во врска со класифицирањето на фамилијата мачки, а некои ги класифицираат како дел од родот Фелис. Каракалот, кој понекогаш се нарекува персиски рис или африкански рис, не припаѓа на овој род.
Македонски бор молика
Молика или македонски бор — вид борово дрво што вирее по планините во Македонија. Може да се најде и во делови на Бугарија, Албанија, Србија, Црна Гора и во мали предели во Егејска Македонија, обично на (600-) 1.000-2.200 м надморска височина. Честопати ја достигнува алпската шумска граница во оваа област. Растат 35-40 м во височина, со пречник на трупот од 1,5 м.
Subscribe to:
Comments (Atom)