Monday, November 30, 2015

Питоми животни

Image result for питоми животниОд питомите животни во Македонија постојат коњиовциговедакозисвињимагариња и други. Од птиците најзастапени се кокошкимисиркигуски и пајки. Тие се одгледуваат екстензивно, но и интензивно, во организирани сточарски и живинарски фарми. Во нашава република се негува и пчеларството, како посебна гранка за проидзводство на медПчелите се најкорисни меѓу инсектите. Најпозна е мариовската пчела.

Sunday, November 29, 2015

Национален парк Маврово

Маврово — национален парк во западна Македонија кој зазема простор од 73.088 хектари и најголем е меѓу трите национални паркови во Македонија. Како национален парк е прогласен во 1949 година и неговата географска положба е 41°40’N и 20°46’E[1]. Во границите на паркот се опфатени планините: КорабДешат, југозападните ограноци на Шар Планина, поголем дел од Бистра и северните делови на Крчин. Средишниот дел на националниот парк го зафаќа долината и сливот на реката Радика. Во склопот на националниот парк е иМавровското вештачко езеро.                         
Маврово исто така е многу убав во зима.Еве слика од него


Националниот парк Галичица е прогласен во 1958 година. Овој парк опфаќа делови од планинкиот масивГаличица, со крајбрежните простори на Охридското и Преспанското Езеро. Површината која тој ја зафаќа изнесува 22.750 км2Планината Галичица се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија. Таа е всушност хорст кој се издига помеѓу Охридската и Преспанската Котлина. Ваквата форма на планината Галичица и нејзината положба помеѓу двете најголеми езера во земјата претставува посебна вредност. Таа е маркантна во географската средина со својата импознантна големина. Највисокиот врв Магаро се наоѓа на надморска височина од 2.254 метри

Saturday, November 28, 2015

Национален парк Пелистер

Националниот парк Пелистер се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија и зафаќа површина од 12.500 хектари. Прогласен е во 1948 година како прво заштитено природно добро во Република Македонија. Се карактеризира со поголем број врвови и возвишенија повисоки од 2000 метри, кои меѓу себе се раздвоени со длабоки долини. Највисок врв е Пелистер (2601 м). Од релјефните облици на Пелистер највпечатливи се т.н. камени реки. Тоа се наклони на релјефот исполнети со блокови од стени со различен состав. Од хидрографските објекти, со посебна природна привлечност се двете леднички езера — Големото и Малото Езеро на Пелистер, познати како “Горски Очи”. Растителниот свет на Пелистер е мошне разнообразен, па оттаму и неговото специфично ботаничко значење. Тука растат 88 дрвни видови, што претставува 29% од вкупната дендрофлора на Македонија. Во вегетацијата на Пелистер се среќаваат 21 растителна заедница, од кои 8 се шумски а 13 тревни заедници. Од шумските дрвни видови најголема вредност има моликата - автохтон вид на петоигличест бор со терциерна старост којшто расте само на неколку планини на Балканскиот Полуостров. Висинската амплитуда на распространувањето на моликата на Пелистер е од 600 до над 2200 метри. НП Пелистер претставува класично наоѓалиште за повеќе од 20 растителни видови, од коишто 2 се локални ендемити. Од ‘рбетниците се среќаваат: 10 видови водоземци, 15влекачи, 91 вид птици и 35 видови цицачи. Од рибите, значајно е да се истакне присуството на пелистерската ендемска поточна пастрмка  и пелагониската поточна пастрмка .

Охридска јагула

Охридската јагула, која ги населува водите од езерата и реките кои му припаѓаат на јадранскиот слив, припаѓа кон фамилијата европски јагули, една од 16 видови слатководни од поширокото смејство на 400 виидиви, главно морски змиести риби обединети под ова име.
Според некои процени јагулите настанале уште во периодот од пред 140-65 милиони години што на некој начин еволуциски ги прави современици на диносаурусите. Оваа јагула ги населува сите природни воодотеци што се поврзани со морето, а кои не се преградени со природни или вештачки пречки. Долгото плоскаво тело може да достигне должина од 200 см. и тежина од 6 кг. Ова се максималните вредности, кои важат само за женските примероци, додека машките се значително помали и достигнуваат максимум 50 см. должина и тежина од 200 г.
Телото е покриено со мали, речиси невидливи лушпи под кои се наоѓа развиен систем од капилари за апсорбирање кислород од воздухот и од водата, која го потпомаг дишењето преку жабрите. Во вода 15% од кислородот се внесува преку овој систем, а надвор од неа дури 50% од кислородот се апсорбира преку кожата. Ова им помага да поминат некои помали растојанија по копно, за време на нивните долги и мистериозни патувања. Обликот на телото ја вбројува јагулата како еден од послабите пливачи меѓу рибите, иако тие во вода можат да постигнат завидни 35 км на час. Најмногу се осетливи на температура, потреси, а имаат и извонредно развиен осет за мирис и широки носни празнини, додека видот им е послабо развиен. Според некои истражувачи овие предаторски риби, освен што се хранат во вода, при посебни околности можат да излезат и надвор од неа и таму да го побараат својот оброк во некој полжав, црв или растение.

Речна пастрмка

Image result for речна пастрмкаТелото е заоблено, мускулето, цврсто и пропорционално, а бојата силно варира зависно од условите на средината. Посебна убавина на рибите им даваат бројните тркалезни црни и јарко црвените пеги (последните опкружени со светол прстен), расфрлени по страните на телото, грбот, шкргите и грбната перка.Младите речни пастрмки имаат посветла боја. Може да постои разлика во обоеноста и меѓу пастрмки од различни делови на ист водотек.

Friday, November 27, 2015

Охридска пастрмка  — ендемска слатководна риба што живее во Охридското Езеро, а припаѓа на фамилијата Лососи (Пастрмки). Неколку локални називи се летница, струшка пастрмка, охридска белвица. Максималната должина се движи од 25 до 60 cm, а максималната тежина е 15,8 kg. Се мрести од март до мај.

Животното рис

Рис   род составен од четири видови на средноголеми диви мачки од родот рис. Името на рисот доаѓа од грчкиот збор  со потекло од индо-европскиот корен  што значи „светлина, сјај“, поради сјајот на неговите очи. Денес доаѓа до голема забуна во врска со класифицирањето на фамилијата мачки, а некои ги класифицираат како дел од родот Фелис. Каракалот, кој понекогаш се нарекува персиски рис или африкански рис, не припаѓа на овој род.

Македонски бор молика

Молика или македонски бор  — вид борово дрво што вирее по планините во Македонија. Може да се најде и во делови на БугаријаАлбанијаСрбијаЦрна Гора и во мали предели во Егејска Македонија, обично на (600-) 1.000-2.200 м надморска височина. Честопати ја достигнува алпската шумска граница во оваа област. Растат 35-40 м во височина, со пречник на трупот од 1,5 м.