Saturday, December 12, 2015

Лилјаци

Лилјаците  —— ред мали до средно големи цицачи способни за долготраен лет. Предните екстремитети им се видоизменети во крила: подлактицата, метакарпусните коски и фалангите на сите прсти освен првиот се силно издолжени; меѓу надлактицата, подлактицата, прстите, страните (боковите) од телото и задните екстремитети се наоѓа тенка и еластична летечка мембрана. Задните екстремитети се поставени така што колената се насочени кон дорзалната (грбната) страна. Ушните школки обично се крупни и понекогаш релативно големи во однос на телото. Кај многу видови тие се со развиена кожна творба. Опашката кај повеќето видови е долга, целосно или само делумно затворена во меѓубедрена препона; слободниот крај на оваа препона го поддржува пар на ‘рскавични или коскени творби, кои одат од петата. Долж основата на оваа творба кај многу видови се јавува една кожна лопатка наречена епиблема.
Лилјаците се среќаваат речиси насекаде на Земјата до поларните граници на дрвенестата вегетација. Тие се ретки на АрктикотАнтарктикот и на некои океански осторви. Најбројни и најразнообразни се во тропските и суптропските области. Нивната татковина се наоѓа во тропските предели од источната полутопка, каде сè уште постојат најпримитивните претставници од фамилијата летечки кучиња, односно Pteropidae.

Monday, December 7, 2015

Змија-Влекач

Image result for ЗмијаЗмиија  — безножно животно со долго, совитливо тело прекриено со лушпи кои се ќерамидесто наредени на него. Змиите спаѓаат во групата на влекачите. Се мисли дека змиите еволуирале од гуштерите, со кои делат многу заеднички карактеристики, а особено со т.н. безножни гуштери, кои имаат ситни и речиси незабележливи екстремитети. Но, за разлика од гуштерите, змиите имаат тенок расечен јазик, а кај нив отсуствува надворешно уво. Исто така, додека повеќето од гуштерите имаат подвижни очни капачиња кои периодично се затвораат за да ги заштитат и подмачкаат очите, змиите секогаш ги држат отворени своите очи кои се заштитени со мигателна ципа (неподвижна, проѕирна лушпа).
 Тие зависат од Сонцето за да ја регулираат телесната температура. Бидејќи метаболизмот не игра улога при терморегулацијата, овие животни можат да преживеат со многу сиромашна исхрана. Некои чекаат со месеци помеѓу последователните оброци, а неколку видови можат да преживеат јадејќи само еднаш или двапати во годината. Кога јадат, змиите целосно го голтаат пленот и не го разгризуваат. Многу змии поседуваат специјализирани вилици со кои можат да проголтаат животни кои се многу поголеми од нивните глави на тој начин што долната вилица има способност да се раздели и да го зголеми усниот отвор и повторно да се склопи. Набљудувањата извршени на африканскиот карпест питон укажуваат на тоа дека овој вид на змија може да изеде животни големи колку антилопа или помала крава.
Со преку 2500 опишани видови што припаѓаат на повеќе од 10 фамилии, змиите се голема и успешна група. Успехот во опстанокот се должи на нивната прилагодливост, што се огледува во тоа што змиите живеат во живеалишта како подземни дупки, врвовите на крошните од дрвата, како и во океанските длабочини до 150 м. Најдени се на секој континент, освен на Антарктикот. Места без змии во светот се и изолираните острови, како Ирска и Нов Зеланд.

Sunday, December 6, 2015

Дрво Ела

Елата  е род што опфаќа 48–55 вида на зимзелени иглолисни дрва од фамилијата Борови . Се среќава во планинските краишта на најголемиот дел на Европа, Азија, Северна и средна Америка и Северна Африка. Најсродмп дрво на елата е кедарот.
Сите автохтони видови достигнуваат височина од 10–80 м и пречник на стеблото од 0,5–4 м. Елите се разликуваат од другите членови на фамилијата на борови по тоа што иглестите листови се држат на стебленцето со основата налик на вакуумска лепенка. Друга заедничка одлика се исправените цилиндрични шишарки долги 5–25 см што се распаѓаат и испуштаат крилести семиња кога ќе узреат. Видовите се распознаваат по големината и распоредот на листовите, големината и обликот на шишарките, и по тоа дали малите лушпички се долги и издадени или кратки и скриени во шишарката.

Friday, December 4, 2015

Остров Голем град на Преспанско Езеро

Image result for Голем градГолем Град (Змиски Остров или Св. Петар) — остров во Преспанското Езеро од големо културно-историско значење. За него погрешно се смета дека е единствениот остров во Република Македонија, во која впрочем постојаГолем Град е прогласен за строг природен резерват заради специфичните геоморфолошки карактеристики, карактеристичната флора и фауна и поради своето историско минато. Островот е долг 750 m, а широк 450 m, со највисок дел 50 m над езерото. Од сите страни островот е заобиколен со карпи и спили со височина 20 до 30 метри. Над нив се оформува плато со две возвишенија на северниот и јужниот дел на островот. Меѓу возвишенијата има седло кое на бреговите завршува со мали заливи. Овие два заливи се единствените места од кои може да се пристапи на платото[3].
Опкружувањето со големата количина на вода, геолошката подлога и близината на Медитеранот овозможиле на островот да владее посебна микроклима која е причина за појава на богата и ретко распространета вегетација, во која доминираат јужноевропските флорни елементи (41 или 25,6 % - субмедитерански видови; 29 или 18,2 % - евроазиски; 20 или 12,6 % - медитерански; 18 или 11,2 % - понтски; 17 или 10,6 % - европски; 10 или 6,2 % - мезиски; 8 или 5,0 % - циркумполарни; 5 или 3,1 % - културни; 4 или 2,5 % - атланско-субмедитерански; 3 или 1,9 % - космополити; 3 или 1,9 % - илирски; 2 или 1,2 % - скардо-пиндски).т повеќе езерски и речни острови.

Thursday, December 3, 2015

Белоглав мршојадец

Белоглавиот мршојадец е долг 93-122 cm, и со распон на крилјата од 2,3-2,8 m. Maжјаците тежат 6,2-10,5 kg, а женките 6,5-11,3 kg. Типичниот стар вид на мршојадците е со бела глава, со голем распон на крлјата и краток опаш. Тие имаат бел грб и жолтеникава боја преку целото тело. Имаат големо тело Како и другите мршојадци тој е чистач и главно се храни од мртвите животни кои ќе ги забележат бидејќи тие најчесто се движат во јата. Живеат на карпите и од таму имаат голем преглед на просторот. Максималниот животен век на еден мршојадец е 41 година за примерок во заробеништво.и темни пердуви.

Wednesday, December 2, 2015

Корморани

Големиот корморан  — мошне застапен член на фамилијата корморани. Живее ширум стариот свет и атлантскиот брег на Се:Големиот корморан е голема црна птица, и зависно од варијацијата на видот, има различни големини. Тежи од 1,5  до 5.3 kg, најчесто од 2.6 до 3.7 kg.Долги се од 70 до 102 cm, со распон на крилја од 121 до 160 cm.  Има прилично долг опаш и има жолт белег околу клунот. Возрасните корморани имаат бели дамки над колената за време на сезоната за парење.
Големите корморани се најчесто тивки, но прават различни гутурални звуци во своите колонии за парење.верна Америка. Во Македонија е познат под народното име гаро.

Ендемски вид птица-Пеликан

Пеликаните се фамилија големи водни птици. Карактеристични се со нивниот долг клун и вреќичката под него, која им служи за лов и исцедување на водата од клунот. Тие имаат светло перје, со исклучок само на два вида. Клуновите, ќесичката и кожата на лицето им добива малку боја пред сезоната на парење. Фосилните остатоци од пеликаните се стари најмалку 30 милиони години.

Tuesday, December 1, 2015

Големо Езеро-Пелистерски Очи

Пелистерските Очи се леднички езера на Пелистер. Тие се две на број и се нарекуваат уште и Големо и Мало Езеро. Големото Езеро се наоѓа на надморска височина од 2.218 м, долго е 233 м, а широко 162 м. Малото Езеро се наоѓа на надморска височина од 2.180 м долго е 79 м а широко 162 м. Големото е длабоко 14,5 м а малото 2,6 м. Веднаш крај Големото Езеро има планинарски дом со капацитет од 50-100 легла и прекрасни терени за планинарењеалпинизам, планински велосипедизам и спортување. До езерата може да се стигне од две страни по две одлично обележани планинарски патеки. Едната патека води од с.Нижеполе од месноста Лак Поток (бараки) или ски-лифтот преку пределот Дебел Рид, а другата по која може да се движат и џипови и теренски возила започнува од хотелот „Молика“ и преку месноста Јоргов Камен, минувајќи зад Малото Езеро завршува кај планинарскиот дом до самото Големо Езеро. До Малото Езеро води и добро обележаната планинарска патека која води од планинарскиот дом на Големото Езеро (1 до 1,5 часа) кон највисокиот врв на целата планина - Пелистер (антени) висок 2601 метар. Во Големото Езеро живее и малуброен ендемски вид на риби. Во летниот период во студените води на двете езера често се капат многу посетители и планинари. Единствената точка од која може во видикот да се здогледаат двете езера се наоѓа веднаш штом се искачи на котата односно сртот над планинарскиот дом на Големото Езеро на патеката која води за врвот Пелистер и Малото Езеро.

Диви животни

Од диви животни има главно претставници на медитеранската и средноевропската фауна. На средноевропската, преставници се: мечкаволкцрвена лисицарисдива свињазајаквидраверверицакунајазовец и др. Од птиците: орелјастребчавкиеребицигулабгугутка и др. Од влекачите: желката, разни видови гуштери и змии, а од водни животни пастрамкикрапсомцрвеноперка и др. Во мочуриштата има разни видови барски птици, како на примердива гускачапјапеликан и др.