Sunday, December 6, 2015

Дрво Ела

Елата  е род што опфаќа 48–55 вида на зимзелени иглолисни дрва од фамилијата Борови . Се среќава во планинските краишта на најголемиот дел на Европа, Азија, Северна и средна Америка и Северна Африка. Најсродмп дрво на елата е кедарот.
Сите автохтони видови достигнуваат височина од 10–80 м и пречник на стеблото од 0,5–4 м. Елите се разликуваат од другите членови на фамилијата на борови по тоа што иглестите листови се држат на стебленцето со основата налик на вакуумска лепенка. Друга заедничка одлика се исправените цилиндрични шишарки долги 5–25 см што се распаѓаат и испуштаат крилести семиња кога ќе узреат. Видовите се распознаваат по големината и распоредот на листовите, големината и обликот на шишарките, и по тоа дали малите лушпички се долги и издадени или кратки и скриени во шишарката.

No comments:

Post a Comment