Friday, December 4, 2015

Остров Голем град на Преспанско Езеро

Image result for Голем градГолем Град (Змиски Остров или Св. Петар) — остров во Преспанското Езеро од големо културно-историско значење. За него погрешно се смета дека е единствениот остров во Република Македонија, во која впрочем постојаГолем Град е прогласен за строг природен резерват заради специфичните геоморфолошки карактеристики, карактеристичната флора и фауна и поради своето историско минато. Островот е долг 750 m, а широк 450 m, со највисок дел 50 m над езерото. Од сите страни островот е заобиколен со карпи и спили со височина 20 до 30 метри. Над нив се оформува плато со две возвишенија на северниот и јужниот дел на островот. Меѓу возвишенијата има седло кое на бреговите завршува со мали заливи. Овие два заливи се единствените места од кои може да се пристапи на платото[3].
Опкружувањето со големата количина на вода, геолошката подлога и близината на Медитеранот овозможиле на островот да владее посебна микроклима која е причина за појава на богата и ретко распространета вегетација, во која доминираат јужноевропските флорни елементи (41 или 25,6 % - субмедитерански видови; 29 или 18,2 % - евроазиски; 20 или 12,6 % - медитерански; 18 или 11,2 % - понтски; 17 или 10,6 % - европски; 10 или 6,2 % - мезиски; 8 или 5,0 % - циркумполарни; 5 или 3,1 % - културни; 4 или 2,5 % - атланско-субмедитерански; 3 или 1,9 % - космополити; 3 или 1,9 % - илирски; 2 или 1,2 % - скардо-пиндски).т повеќе езерски и речни острови.

No comments:

Post a Comment