Saturday, December 12, 2015

Лилјаци

Лилјаците  —— ред мали до средно големи цицачи способни за долготраен лет. Предните екстремитети им се видоизменети во крила: подлактицата, метакарпусните коски и фалангите на сите прсти освен првиот се силно издолжени; меѓу надлактицата, подлактицата, прстите, страните (боковите) од телото и задните екстремитети се наоѓа тенка и еластична летечка мембрана. Задните екстремитети се поставени така што колената се насочени кон дорзалната (грбната) страна. Ушните школки обично се крупни и понекогаш релативно големи во однос на телото. Кај многу видови тие се со развиена кожна творба. Опашката кај повеќето видови е долга, целосно или само делумно затворена во меѓубедрена препона; слободниот крај на оваа препона го поддржува пар на ‘рскавични или коскени творби, кои одат од петата. Долж основата на оваа творба кај многу видови се јавува една кожна лопатка наречена епиблема.
Лилјаците се среќаваат речиси насекаде на Земјата до поларните граници на дрвенестата вегетација. Тие се ретки на АрктикотАнтарктикот и на некои океански осторви. Најбројни и најразнообразни се во тропските и суптропските области. Нивната татковина се наоѓа во тропските предели од источната полутопка, каде сè уште постојат најпримитивните претставници од фамилијата летечки кучиња, односно Pteropidae.

No comments:

Post a Comment