Saturday, November 28, 2015

Охридска јагула

Охридската јагула, која ги населува водите од езерата и реките кои му припаѓаат на јадранскиот слив, припаѓа кон фамилијата европски јагули, една од 16 видови слатководни од поширокото смејство на 400 виидиви, главно морски змиести риби обединети под ова име.
Според некои процени јагулите настанале уште во периодот од пред 140-65 милиони години што на некој начин еволуциски ги прави современици на диносаурусите. Оваа јагула ги населува сите природни воодотеци што се поврзани со морето, а кои не се преградени со природни или вештачки пречки. Долгото плоскаво тело може да достигне должина од 200 см. и тежина од 6 кг. Ова се максималните вредности, кои важат само за женските примероци, додека машките се значително помали и достигнуваат максимум 50 см. должина и тежина од 200 г.
Телото е покриено со мали, речиси невидливи лушпи под кои се наоѓа развиен систем од капилари за апсорбирање кислород од воздухот и од водата, која го потпомаг дишењето преку жабрите. Во вода 15% од кислородот се внесува преку овој систем, а надвор од неа дури 50% од кислородот се апсорбира преку кожата. Ова им помага да поминат некои помали растојанија по копно, за време на нивните долги и мистериозни патувања. Обликот на телото ја вбројува јагулата како еден од послабите пливачи меѓу рибите, иако тие во вода можат да постигнат завидни 35 км на час. Најмногу се осетливи на температура, потреси, а имаат и извонредно развиен осет за мирис и широки носни празнини, додека видот им е послабо развиен. Според некои истражувачи овие предаторски риби, освен што се хранат во вода, при посебни околности можат да излезат и надвор од неа и таму да го побараат својот оброк во некој полжав, црв или растение.

No comments:

Post a Comment